Карираниот дезен воглавно се врзува за кошули и здолништа, а ние денес ви  претставуваме и други начини, кои можете да ги надоврзете на вашиот стајлинг и да изгледате модерно.

Карираниот дизајн стана многу популарен, изминатите неколку сезони. Можевме да го видиме на костими за капење, фустани, маици, блузи и разни додатоци, а дефинитивно, ќе го гледаме во модниот свет уште долго време.

Од ситни до крупни шари, класични црвено-беж и други варијанти на бои – секоја стилска опција изгледа одлично. А на кој начин можете да го носите овој дизајн, дознајте подолу …

Карирана кошула + тесни фармерки + бомбер јакна
Ова е класична комбинација на фланелни кошули и фармерки, а за малку да се зачини без многу мака, доволно е да ја облечете јакната и да ги вовлечете фармерките во кожни чизми. Вака добивате викенд стајлинг, кој  истовремено е ноншалантен,  опуштен и трендовски.

Карирано палто + бели фармерки + плитки чевли
Играјте се со пропорциите така што ќе изберете преголем капут со тесни бели фармерки. Плитките чевли само ќе го завршат изгледот кој е одличен за дневната варијанта и за вечерно излагање.

Карирани панталони + кожна јакна + чевли на платформа
Празнична забава? Излез со потенцијален партнер? Имате добитничка комбинација со карирани панталони и кожна јакна, во која ќе изгледате опасно. Додадете женствена нота со помош на платформите кои дополнително ќе ја разубават вашата силуета.

Карирана блуза + јакна од твид + фармерки
Стајлинг кој може да оди одлично и за работа, но исто така и за вечерен изглед, со само неколку промени. Рамни или чизми со мала пета, се идеални за првиот стајлинг, додека за другиот, треба да изберете нешто по впечатливо како длабоките чизми до колена.

Карирано миди здолниште + ролка + чорапи-чизми
Карирано миди здолниште во комбинација со ролка и чорапи-чизми, кои се оваа сезона на самиот врв на трендовите, е идеална комбинација за студените денови во кои сакате да изгледате модерно, женствено и уникатно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да носите мини здолниште ако веќе не сте тинејџерка?
Следна објаваСиметрични згради на Будимпешта под надреално небо
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР