Мини здолништа се враќаат во мода, а вие не се плашете да ги носите!

Оваа есен и зима, мини здолништа повторно се во тренд. Сем мини здолништата од тексас,  можеме да видиме дека во тренд се и здолништа од винил, кожа, кадифе и сомот.

Можеби мислите дека мини здолништата се резервирани само за тинејџерки или дека вашите нозе не се доволно добри за мини здолниште?

Подолу, ќе ви покажеме дека можете да носите мини здолниште, без разлика што не сте тинејџерка … Но, мора добро да ги комбинирате.

Ако се чувствувате премногу стара за да одите на улица во мини здолниште, тоа не значи дека нема да изгледате одлично. Само одберете здолниште кое најдобро одговара на вашата фигура – со мерка.

За кул и тренди изглед носете ги со чизмички до глужд

 Изберете мини здолниште со висок појас (и заборавете на оние кои се носат на колковите).

Ако сакате модерно мини здолниште, наместо класичен модел од тексас, најдобро е да одберете од сјаен винил или кожа.  Додадете нота на женственост со убави чевли,  елегантна торба и очила за сонце.

Комбинирајте мини здолниште со ролка или елегантна кошула.

Богатите материјали го прават секое здолниште женствено и елегантно. Комбинирајте ги овие здолништа со чизмички доглуждови, со средна висина на петата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапата супстанца на светот чини 100 милијарди долари за милиграм!
Следна објаваОваа есен карираното е “cool” !
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР