Во Кинотеката на Македонија утревечер (18 ноември) во 20 часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.

Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на нашата адреса на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа дваесетина филмови од македонски и 500-ина филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере четиричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а таа ќе се состои од стипендија од Универзитетот за аудио-визуелни уметности од Скопје ЕСРА во износ од 3.000 евра. Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Сите се мобилни“.

Ќе бидат доделени и награди за: оригинална идеја, најиновативен филм, приказна и награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.

Ќе бидат прикажани и видеа од работилниците одржани во рамките на „Мобил фестивал“, а кои се реализираа во соработка со гимназијата „Никола Карев“ и С.О.С. Детско село. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за филм од репертоарот на киното „Милениум“, а за публиката ќе има и други награди и изненадувања.

Во рамките на фестивалот, неделава во Кинотеката на Македонија беа прикажани два играни филма. Станува збор за бугарскиот хит „Слава“ и за чилеанскиот драма-трилер „Хесус“, кој раскажува за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите и филмот е во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др.

Фестивалот го поддржуваат Агенцијата за филм на Република Македонија и Град Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Звукот на материјалите” Седмо издание на Недела на дизајнот во Скопје
Следна објаваФотографија | Ноќниот живот на улиците во Токио
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР