Полека се подготвуваме за студените денови, снег, дожд и многу, многу слоеви на облека …

Сепак, еден поглед во нашата галерија ќе ви овозможи да фантазирате за неверојатниот Тихи Океан (Пацифик) и уште подобар луксуз. Магичниот Hotel Mousai, кој се наоѓа во Пуерто Валарта, Мексико, е тропски рај исклучиво за возрасни, кој на своите гости им дава можност да уживаат во луксузни апартмани и приватни тераси со базени, лежалки и поглед кон заливот.

Апартманите Ultra Mousai , исто така, нудат ексклузивни услуги со батлер, пристап на Spa Imagine хидротерапија и селекција на мириси за ароматерапија.

Овој врвен хотел на плажа има голема предност во однос на другите слични избори, бидејќи неговите гости се размазени со изборот на активности и беспрекорни погодности. Овде можете да уживате во нуркањето  и пешачењето, јога сесии, текила дегустација и практично, се друго што ви паѓа на ум.

Дел од овој хотел е со целосно опремена теретана, терен за кошарка, тенис и сквош. Што се однесува до гастрономијата, ресторанот Rooftop на овој хотел,  ве поканува да уживате во уникатно искуство на плажа, каде што можете да уживате во доручек, ручек и попладневни коктели, со поглед кон заливот Бандерас. Кога ќе пристигне времето за вечера, елегантните ресторани кои ви се на располагање, ви нудат стекови, азијска и мексиканска кујна. Рајски, нели?

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеутралите нијанси најлесно се комбинираат!
Следна објаваKarl Lagerfeld ќе ја дизајнира божиќната елка во лондонскиот хотел Claridge!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР