Една од најлуксузните авиокомпании, Emirates, го претстави целосно редизајнираниот ентериер на своите авиони од типот Boeing 777, вклучувајќи ги и оние, најочекуваните – приватните апартмани во прва класа.

Boeing 777 веќе постави шест луксузни кабини кои содржат огромни седишта што можат да се трансформираат во кревет. Пред патникот е огромен телевизор, а надвор од авионот, Emirates поставија и HD камери, така што луѓето што седат во апартманите во средината на авионот, сепак, можат да ѕиркаат низ виртуелниот прозорец и да гледаат што се случува надвор.

Најновиот авион Boeing 777 со овие карактеристики, ќе почне да лета на 1-ви декември, со летовите кон Женева и Брисел.

Во Emirates признаваат дека потрошиле милиони долари за развојот на првата класа и дека целиот процес траел со години, но точните суми што ги вложиле не ги открија. Голем дел од парите беа инвестирани во рекламирањето, за кое е заслужен легендарниот водител Jeremy Clarkson.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Shimmer in the Dark” нова блескава кампања на Jimmy Choo!
Следна објаваНајубави плетени парчиња кои ќе не стоплат оваа зима!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР