Jimmy Choo со својата новата кампања “Shimmer in the Dark” ја разубави сезоната на претстојните празници со блескави парчиња и ѕвездата на кампањата, Carа Delevingne.

“Оваа сезона не се работи само за еден изглед, туку и за многуте опции што жените ги земаат во предвид кога станува збор за комбинација за вечерно излегување. Фотографиите и филмот заедно, совршено го покажуваат чувството на очекување и енергијата што ја носи ноќта. За нас е важно да ја претставиме забавната страна на брендот и да направиме голема прослава “, рече Sandra Choi, креативната директорка на брендот.

Carа Delevingne и популарниот бренд заедно ги поздравуваат претстојните празници со серија на убави и блескави парчиња. Супермоделот за овој едиторијал се претвори во вистинска диско кралица. Стилот на кампањата е инспириран од стилот на седумдесеттите години и има повеќе светликави дизајни кои се идеални за празниците. Од полу-длабоките “Hanover” чизми, до чизмите “Maine”, секој модел на свој посебен начин ќе ги привлече дамите од целиот свет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелен ретро ентериер со скандинавска естетика!
Следна објаваEmirates – луксузното патување во новите апартмани!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР