Ви претставуваме еден прекрасен животен простор на скандинавски дом кој поседува изобилство на ретро детали и зеленило во саксии…

До сега, можевме да видиме монохроматски ентериери на скандинавскиот стил со минималистички детали, но овој не е, како било кој друг. Куќата што ја презентираме е во сопственост на дизајнерот Амели Видел и успешно е украсена со пастелни нијанси на мека скандинавска естетика.

Дневната соба е финиширана со неутрални бои и станала совршена позадина за разнобојниот мебел и колекциите на сопствениците со ретро парчиња. Софата има нагласена розова боја во целата шема. Позадината на софата е опремена со врамени слики и фотографии кои заедно со предметите, имаат голема емоционална вредност. Длабоката пурпурна нијанса на фотељата сместена до софата, го прави просторот далеку по драматичен, а богатството на зеленилото во саксиите го зголемува просторот, на кој, стаклената маса му додава едно гламурозно чувство.

Кујната е офарбана во зелена боја, во неа се наоѓаат лустери и мозаични плочки на подот, во комбинација со спокоен амбиент, сосема различен од остатокот од куќата.

 

Спалната соба е офарбна со смирувачка и сивкаста нијанса. Во неа се наоѓаат  ретро комоди кои се користат за одлагање на обувките.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАнтичка Грција како инспирација за новата колекција на Chanel
Следна објава“Shimmer in the Dark” нова блескава кампања на Jimmy Choo!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР