Пред неколку недели, компанијата Sony му објави на целиот свет дека повторно ќе го промовира својот AIBO проект, односно, преслаткиот дроид во форма на куче, кое беше ултимативен хит во деведесеттите години …

Тогаш деталите за овој проект беа прилично оскудни, но сега го знаеме датумот на лансирањето, цената и сите карактеристики на ова куче робот. Објавувањето и промоцијата на проектот се одржа минатата среда, кога извршниот директор на Sony, Kazuo Hirai рече: “Денес имам чест да ви го претставам забавниот робот, на кој се работеше во текот на изминатате 18 месеци, а е достоен за љубов и внимание на сите луѓе.”

Сосема новото робот-куче едноставно наречена AIBO (ERS модел број 1000), повеќе изгледа како вистински куче, а помалку како играчка во споредба со оригиналот, кој беше исфрлен од производство пред единаесет години. Според Sony, новиот Aibo “може да постигне емоционални врски со членовите во домаќинството, додека им дава љубов, внимание, радост и нега, како вистински придружник.”

Aibo доаѓа опремен со ултра-компактни актуатори, што ќе му овозможуваат на неговото тело да се движи по 22 оски, мавтајќи со опашката и менувајќи ги ушите како вистинско куче, а неговите очи користат две OLED панели за да бидат експресивни. Sony исто така вели дека нивното роботско куче користи вештачка интелигенција за да се прилагоди на својата околина и подобро да ја запознае, за соодветно да го промени своето однесување. Во овој проект беа користени технологии за длабоко учење за да се анализираат звуците и сликите низ низа сензори, а Aibo користи и Cloud податоци, за споделување на искуства со други кучиња од негов вид.

Од денес, Aibo е достапен за купување само во Јапонија, каде што неговата цена е околу 1.700 долари.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто се уште можете да направите во вашиот двор оваа есен!
Следна објаваШто има неделава во Јавна Соба? Провери надолу
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР