Понекогаш, лесно можете да дефинирате некој дом, по неговиот уникатен стил и сите мали нешта што го прават навистина посебен …

Фантастичен стан на две нивоа во Киев, е токму еден од тие фасцинантни простори дизајниран од Лера Катасонова, кој ве фасцинира со релаксирачки, луксузен шарм и нежни, суптилни женски вибрации.

Овој стан користи палета на бои во кои енергичните и смели нијанси се отфрлени, во корист на значително помирни тонови и убави неутрални нијанси, кои заедно создаваат неверојатна визија на мир и спокојство. Кога првпат ќе го видите овој стан, ќе ви биде јасно дека е наменет за женска личност – клучот за неговата убавина е скриен во деталите и ситниците.

Додека влегувате внатре, ќе забележите прекрасна употреба на контрастни материјали и завршни детали, како што се дрвени лајсни, блескави метални лустери и  ѕидови со текстури, кои се поврзуваат совршено беспрекорно и елегантно. Во овој стан, ништо не изгледа како да не припаѓа тука, со влезот што води до пространа дневна соба, опремена со сив аголен сет, соодветни фотелји и суптилна декорација.

Малиот трпезариски простор покрај големата кујна, со сосема доволен простор за складирање на нештата, ја игра улогата на удобна друштвена зона.

Главната спална соба, со својот тапациран кревет и убави светилки, едноставно дише со луксуз. Смирена, но во исто време елегантна спална соба со аголни легла и модерно купатило, го комплетира овој ексклузивен стан кој се наоѓа во Киев, кој е удобен и пријатен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДеликатна колекција на украинска уметница!
Следна објаваZara Home – есен во бохо тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР