Овој ноември брендот Timberland слави 10 години постоење во Македонија!

Двете продавници во Скопје Сити Мол и ТЦ Рамстор се место каде љубителите на квалитетни производи со урбан карактер и безвременски дух, секоја сезона можат да ги најдат најновите колекции за жени, мажи и деца. На 11-ти ноември купувачите ќе имаат можност да прослават заедно со својот омилен бренд преку различни активности, попусти и изненадувања во двете продажни места на брендот.

Timberland е глобален лидер за дизајн, производство и продажба на премиум обувки, облека и модни додатоци за активен животен стил. Иако прв и најпознат производ на овој бренд се жолтите чизми, денес Timberland создава целосни колекции кои го рефлектираат богатото наследство на брендот во однос на изработката, функцијата и стилот.

Жолтите чизми прв пат се појавуваат во 1973 година,  и од обувки наменети за работници, стануваат икона на брендот и симбол на урбаните генерации и поп културата. Со својата едноставност, безвремен изглед, издржливост и долготрајност, жолтите чизми се must-have за современите луѓе кои бараат квалитет во секој аспект од нивниот живот.

Посветеноста на Timberland на изработка на квалитетни производи оди заедно со огромен ангажман за зачувување на природата и социјална одговорност. Во 2007 година, Timberland започнува проект наречен Earthkeepers, односно создавање на чевли кои ќе бидат направени од рециклирани материјали. Иако ваквиот проект се чинел амбициозен, денес, десет години подоцна 84% од чевлите на брендот содржат барем една компонента која е рециклирана или органска. 270 милиони пластични шишиња се претворени во материјал за изработка на одредени делови од чевлите Timberland.

Вработените во компанијата секоја година учествуваат во голем број „зелени“ акции на глобално ниво, a резултатите се импозантни – 9.2 милиони засадени дрва од 2001 година; 53% намалување на емитувањето на отровни гасови од 2006 година до сега со користење на обновливи извори и употреба на нови технологии на производство.

За да ја прославиме 10 годишнината на Timberland во Македонија, на 11 ноември (сабота), како дел од настанот „Re-boot Your Boots“ во продавницата во Skopje City Mall, купувачите покрај можноста да уживаат во многу изненадувања, поволности при купувањето и подароци,ќе можат и да ги персонализираат своите чизми со цртежи или исписи по нивен избор, а направени од страна на професионални тату уметници.

Ќе ни биде задоволство да ве видимена 11-ти ноември од 12 часот и да прославиме заедно!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГолемото отворање на Лувр во Абу Даби
Следна објаваПо 160 години Louis Vuitton се враќа на No.2 Place Vendômе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР