Добро е познато дека спортот и вежбањето се добри за нашето здравје, но сепак наоѓаме илјада причини како да го избегнеме.

Само 120 минути неделно, е доволно за да ги видите резултатите и со тоа да стекнете дополнителна самодоверба. 120 минути, е резултат на долготрајното истражување на Институтот за технологија во Карлсруе (KIT).

Истражувачите прателе 500 лица за 25 години и откриле неверојатни нешта. За целите на истражувањето, научниците ги пратеа овие 500 жители на заедницата Bad Schönborn на возраст меѓу 35 и 55 години, цели 25 години. Тие ги тестираа во редовни интервали, а тестовите вклучуваа сила, издржливост, координација и флексибилност.

 

 

Врз основа на анализата на крвта, маснотиите и ЕКГ, истражувачите дошле до заклучок: дека сите оние кои вежбале, имале 10 години помладо тело, отколку оние кои не вежбале.
Ризикот од кардиоваскуларни проблеми бил значително помал кај спортистите, а  имале и побрз метаболизам.

Најдобро од сè е што не морате да потрошите многу време и енергија за постигнувањето на тие ефекти. Два часа неделно лесни вежби, се доволни за да го видите позитивниот ефект.

Ако сакате да согорите повеќе калории, тие препорачуваат еден час дневна прошетка со урамнотежена исхрана.
Не звучи лошо, нели?

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваNAVIGARE – Италијански бренд кој ги задоволува сите модни потреби на мажите
Следна објаваРозовата е хит боја на венчаници за 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР