Rage Yoga, во која е дозволено пцуење и врискање стана нов тренд!

Rage Yoga, во која е дозволено пцуење и врискање стана нов тренд!

Дали сте една од оние личности кои не можат да замислат ништо полошо од наоѓање на патот кон самите себе во потполна тишината, на некои од типичните јога пози? Тогаш Rage Yoga е идеална за вас.

Наместо мантра и тивка зен музика, Rage Yoga ќе ви понуди Метал и Металика. Да, добро сте слушнале! Што се однесува до техниката на изведување на вежбата Rage Yoga, таа се базира на познатиот Vinyasa Yogi кој бара многу сила, енергија и динамика. Единствената разлика е тоа, што додека ги завземате редовните јога пози, во случајот на Rage Yoga, ви е дозволено да врискате гласно, пцуете и покажување на средниот прст… не е исклучено. Звучи интересно, нели?

Целта на Rage Yoga е да ја подобри силата и флексибилноста, како и да ги исфрли сите негативности и гнев што се акумулирале во вас.

Rage Yogа ја воведе канаѓанката Lindsay Istace . По болното прекинување на врската, бараше начини да ја исфрли целата негативност и лутина за надминување на нејзиниот љубовен бродолом. И во тоа успеа, а ние и се заблагодаруваме затоа што сега постои генијален начин да се ослободиме од лутината, а во исто време да добиеме затегнато тело.

За жал, ако сте заинтересирани за Rage Yoga, ние треба да ви кажеме дека сè уште нема достапни часови кај нас, бидејќи тие се достапни само во Канада. Сепак, добрата вест е што можете да се приклучите на online лекциите, на интернет!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрата вест на денот: тестенините ве прават послаби!
Следна објаваМинимализмот делува префинето и луксузно! научете како…
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР