Скопје постер фестивал – една деценија креативен набој истурен врз Скопје и Македонија

Овој ноември во Скопје ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци.

Фестивалот ќе се одржи помеѓу 14 и 25 ноември, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.

Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – Твинс, Брик Бар, Four Restaurant. Конференциска локација и место за одржување на работилнците ќе биде Хотел Парк и Спа (позади Градскиот стадион).

Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири членовите со афтер-забава…се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.

Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата.

Учеството во сите работилници не се наплатува, додека конференцијата од неформален-опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и лубители на дизајнот.

Не изостанува и афтер забавата со бенд, сите наши пријатели се добродојдени да ни се придружат на забава со плакатот на 17ти ноември.

Повеќе на: skopjeposter.com/10

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКои растенијата можат безбедно да се стават во детската соба!
Следна објаваКошула на H & M која го освои модниот свет!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР