Растенијата за детската соба треба внимателно да се одберат.

Најсоодветно е да бидат растенија во саксии кои ќе создадат посебна микро клима во просторот, да го смират детето, да го собираат вишок на прашина и да го освежат воздухот со кислород.

Бегонија

Бегонијта има корисни етерични масла, така да со неа можете да го замените филтерот за чистење на воздухот од бактерии и прашина. Покрај тоа, таа позитивно влијае на дишните патишта.

Hlorofitum

Ова растение со мали бели цветови како сунѓер го всмукува воздухот од прашина, нечистотија и штетни материи, а дава чист кислород.

Kalanhoje
Познато лековито растение чие листови одлично го освежуваат воздухот и поседуваат бактерицидни својства. Исто така, ова растение има цветови во различни нијанси, така што совршено ќе го декорираат просторот и ќе создадат пријатна атмосфера.
Dracena

Драцената е способна да ги апсорбира испарувањата на такви опасни супстанции, како што е формалдехидот, кој доаѓа во лакираниот мебел.

Лимон

Во детска соба можете да ставите цитрусно дрво, особено лимон. Тоа е еден вид на  дезинфекционо средство, бидејќи во просторијата во која расте лимонот, микробите кои предизвикуваат болести не се размножуваат. Дрвото на лимонот отстранува раздразливост и има смирувачки ефект, што е особено важно ако детето често се вознемирува и не спие добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАксесоар на сезоната: мали торби околу половината!
Следна објава10. Скопје постер фестивал – една деценија креативен набој истурен врз Скопје и Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР