Па добро, не баш буквално, но познатиот производител на колачите макаронс – Ladurée, понуди сет од три колачиња кои го содржат “вкусот” на познатата уметница Марина Абрамовиќ.

Со желба на нејзините обожаватели да им понудат уникатен производ, кој сублимира сè што таа сака, вклучувајќи мириси, вкусови, како и сеќавања, Ladurée и Kreëmart, понудија пакет од три специјални колачиња инспирирани од уметницата..

“Мојата баба готвеше кафе секое утро, а мирисот на кафето се ширеше низ целата куќа”, рече Марина. “Потоа се сеќавам на мирисот на босилек, темјан, кардамон, како и на егзотичните мириси од бројни патувања, како мирисот на вулканот или водопадот… Сето ова, го содржат макаронс кои се инспирирани од мојата маленкост”, рече Марина.

Колачињата се обоени во сина боја, а покриени со златни ливчиња. На нив е втиснат грбот на семејството Абрамовиќ. Кутијата која содржи три колачиња се продава по цена од 85 евра.

“Кога реков дека сакам макаронс со мој вкус, ми поставија толку многу прашања, што сакам, кои бои ги сакам, кои мириси, за спомените од детството …. Сето ова создаде деликатен слаткарски портрет за мене “, рече Марина.

“Мојата работа, во поголемиот дел од времето е нематеријална, бидејќи уметноста на перформансите не е битна, таа е концептуална и временски ограничена”, додаде Марина. “Работата на  Kreëmart е сосема нематеријална, бидејќи го консумирате, јадете и исчезнува”, додаде светски познатата уметница..

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИмај одлична седмица во Јавна Соба
Следна објаваАксесоар на сезоната: мали торби околу половината!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР