Седмото издание на “Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите се достапни на веб страната на фестивалот и социјалните мрежи.

Тема на овогодиното издание на SDW  е “Звукот на материјалите”, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде секако водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот  на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

  

Музичката програма се чини дека е подобра од било кое предходно издание. Пет музички групи од регионот ја имаат честа да настапат на Неделата на дизајнот и тоа, “Васил Хаџиманов бенд”, “Ѓорги Шаревски трио”, “Како – кало банда”, “Артан Лили“ и “Михали Борбели Балкан џез проект”.

Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек – Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.

Викен програмата е резервирана за работлница за дизајн расмислување водена од експерти од целиот Балкан и  научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, Јавна соба и Лукс мебел и расветa, е слободен за сите посететители.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХоландскиот музички гениј гитаристот Јан Акерман во Скопје
Следна објаваКако до лежерни и луксузни есенски комбинации?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР