Добрите познавачи на модата, ќе ви кажат дека не постои подобра сезона од есента, за маестрално да покажете што се знаете да комбинирате…

Есента е одличен полигон за вежбање на стилски комбинации и за разлика од летото, таа бара слоевити комбинации и спарување на многу повеќе модни додатоци.

Еден од најдобрите начини за прошетате низ градот е да изберете топол џемпер или топол фустан со комбинација на обувки што ви одговараат – за лежерен лукуз – мора да имате чизми над колена, но внимавајте со изборот на материјалот!

За плетени фустани, најдобро се чизми од велур! Никако не избирајте чизми над колена од сјајна кожа, лурекс или ПВЦ, и притоа во шпиц, бидејќи во текот на денот во таква комбинација можете да изгледате вулгарно и малку е да каажеме – ефтино. На крајот на краиштата, во текот на денот, не треба да изгледате како да сте облечени во костум жена-мачка. Оставете ги такви комбинации за вечерните излагања.

Префрлете лежерно преку рамената некоја мала чанта, додадете топол шал или акцентирајте ја комбинацијата со беретка, која е моден детаљ на сезоната.

Имајте на ум дека добар пар на фармерки е најдобрата инвестиција. Добриот џинс е тајното оружје на секоја жена. Со фармерки одлично се комбинира бела кошула или широк џемпер. Благодарение на фармерките, со само 2-3 додатоци, ќе изгледате како моден гуру на луксузната лежерност. Тоа е силата на добрата фармерка – секоја модна комбинација ја прави подобра.

Не заборавете да носите трикотажа оваа есен. Набавете неколку квалитетни џемпери со сива, камел, тегет или црвена боја. Тие добро се комбинираат со панталони и фармерки. Не мора да бидат монохроматски – вашите џемпери можат да имаат шара. Важно е да се големи, бидејќи овие модели се главниот хит оваа есен. И да, и во патики можете да изгледате лежерно и луксузно, дури и да се обични, од бела кожа. Доволно е да ги стилизирајте со атрактивно здолниште или со модерен капут.

Погледнете ги нашите предлози и инспирирајте се.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСедмо издание на Skopje Design Week
Следна објава4 состојки и 5 минути за совршен Chia џем!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР