Еден брз поглед на социјалните мрежи е доволен, за да забележите дека таканаречените буба столици ги има насекаде.

Стилот од средината на минатиот век со модерни и елегантни линии, ја прави буба столицата уникатно парче мебел, кое привлекува внимание.

Дизајнерската компанија од Копенхаген GamFratesi стои зад дизајнот на овие прекрасни буба столици. Тие најдоа инспирација во анатомијата и естетиката на бубачката, тврдат основачите Stine Gam и Enrico Fratesii. “Ја реинтерпретираме структурата на цврстата обвивка на бубачката, и како вистинската буба така и столицата, има тврд надворешен и мек внатрешен дел”.

Иако компанијата GamFratesi е гението кое стои зад оригиналниот дизајн и идејата за овој тип на стол, тие се поласкани од фактот дека нивниот дизајн е реинтерпретиран од страна на многу дизајнерски компании ширум светот.

GamFratesi

 Во моментов една, можеби дури и најпопуларна столица на денешнината, постои во многу различни контексти и варијации во однос на оригиналот, но секогаш го задржува уникатниот и препознатлив карактер на буба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMike Myers | Животот во Чикаго
Следна објаваСликите на Andy Kehoe потсетуваат на руските бајки
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР