Типичната утринска рутина кај повеќето луѓе е одложување на алармот, уште малку поспивање, сфаќањето дека е предоцна, брзото миење на забите, туширање, облекување, преглед на mail и слично. Иако треба да ги користиме првите утрински моменти како време за себе, може тоа да биде медитација, неколку минути мир, вежбање, правење и уживање во доручекот без мобилен телефон или компјутер, го правиме токму спротивното. Ево што познатите блогери за убавина работат кога ќе се разбудат.

@stylemba

Sara Azani од Style MBA блогот, вели дека нејзината утринска рутина се променила од кога добила близнаци. И покрај тоа што никогаш не била утрински тип, сега се буди многу рано за да се напие кафе, прочита новини и да ја провери email поштата, за сето тоа и требаат околу 15 до 20 минути, а потоа следат туширањето и петминутната рутина за лице пред да започне денот.

@sophieelkus

 Sophie Elkus од Angel Food Style блогот, вели дека нејзиниот ден започнува во 7.30 часот изутрина под услов да не е на патување или нема  jet legg, а најчесто во кревет оди пред 23 часот. И покрај тоа што би сакала да биде една од оние лица кои мобилните телефони ги оставаат да се полнат во друга соба, не е така и првото нешто што го има во рацете по отворањето на очи е токму мобилниот на кој проверува е-маил и Instagram. Вообичаено, уште неколку минути по будењето ужива во креветот, а веднаш потоа се враќа во купатилото за да се посвети на негата на кожата и лицето. До 10 часот наутро, се обидува да биде готова  со вежбање и доручек кој е најчесто smoothie со билни протеини, боровинки, банани, бадемово млеко и чиа семиња.

@deepicam

Deepica Mutyala, проверува мобилен уште пред да излезе од креветот. Најголемата утринска мотивација и е прегледувањето и одговарањето на пораките што ги добива од своите придружници на сите социјални мрежи. Во последно време се труди да се пофали со голема чаша вода веднаш штом ќе се разбуди, токму по примерот на нејзината мајка, која тврди дека има извонредна кожа, токму поради количеството вода што ја пие. Потоа, доручкува и се посветува неколку минути на кожата. Со оглед на тоа што е ноќна птица, најмногу работи во вечерните часови кога има најмногу енергија, додека вежбањето, сака да го одработи околу 9 часот наутро.

@marianna_hewitt

Marianna Hewitt од Life With Me блогот, исто така, прво ги проверува своите социјални мрежи и пошта, ги мие забите, става крем со заштитниот фактор, прави smoothie богато со протеини и влакна, кои ја држат сита до ручек. Потоа го носи  песот на прошетка и така го започнува денот.

@shesintheglow

Annie Atkinson која го води блогот She’s in Glow се буди уморна, ги мие забите и наутро зема витамини и пие многу течности. По третманот на лицето пие црно кафе и бадемово млеко, а потоа си прави smoothie во кое става состојки зависно од расположението, некогаш овошје, друг пат зеленчук.

СПОДЕЛИ
Претходна објава#Divianarts | Ивана Паункова фото на неделата!
Следна објаваAURA | Мултимедијална инсталација на Базиликата Нотрдам во Монтреал
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР