Францускиот уметник Марсел Дишан, дадаист, остана најмногу запаметен од фактот дека, под псевдонимот Р. Мат, испратил писоар наречен “Фонтана” на изложбата на Друштвото на независни уметници во 1917 година, каде што и самиот бил член на жирито. Со оваа постапка, тој ја измисли т.н. ready made – готова уметност, која стана посебно популарна кон крајот на 20 век.

Познат по својата духовита уметност, тој се впушти храбро во предизвик на едно од најпознатите дела на Леонардо да Винчи, репродукцијата на сликата Мона Лиза ја претстави на свој, посебен начин – цртајќи и брада и мустаќи.

Освен ова дело, уште 8 други авторски дела се најдоа на аукциската продажба во Sotheby’s, Париз.

Кога Соединетите Американски Држави во 1917 година, влегоа во Првата светска војна, Дишан замина за Париз, ги обнови врските со дадаистите и тогаш настана неговата  Џоконда (Мона Лиза) – придонес за дадаистичкиот потсмев и гнев против културата, која според нив, беше виновна што не ги спречила ужасите на Првата светска војна. Во “Готовата”„ready made” уметност, е вклучена и  L.H.O.O.Q. која следеше во 1919 година – две години по Фонтаната.

Тоа е репродукцијата на Џоконда на која Дишан ги нацрта мустаќите и брадата, кои што можеа да сугерираат и транссексуалност, но поголема провокација се наоѓаше во краткиот наслов на делото L.H.O.O.Q. – кое што беше во духот на современиот арго (“elle a chaud au cul” – што во слободен превод значи “таа е напалена”). Со ваков пристан на Џоконда, тој предизвика поголема провокација од колку со писоарот. Во прашање е двојно потсмевање – Да Винчи (т.е. идејата за гениј) и култната слика на висока уметност, како и вкусот на “возвишената порака” на уметноста и уметникот.

Предвидента цена на оваа слика беше помеѓу 400.000 и 600.000 долари, но сликата сепак беше продадена за 750.000 долари.

Колекцијата исто така, вклучува и неколку други надреалистички дела, како што е Dishan’s Boite-en-Valise или “Box in a coatcase”, кој ја надмина прелиминарната проценка од 180.000 евра и се продаде за 250.000, како и делото Buste d’Homme од швајцарскиот уметник Курт Селигман, кое се продаде за 181.250 евра.

Но сепак, за Мона Лиза со мустаќи и брада, тоа е навистина премногу.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете сами: од старо – ново, поедноставно е отколку што мислите!
Следна објаваСликарски техники во домот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР