Куркумата е најздравото растение на планетата, но колку и како да ја консумирате за најдобар ефект?

Куркумата стана број 1, најздраво растение во светот! Таа обезбедува многу широк спектар на здравствени придобивки што едноставно е неверојатно!

Куркума содржи куркумин, идентификуван како основна активна состојка, која достигнува повеќе од 150 потенцијални терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерозни својства. Не постои друга природна состојка во светот која е поефикасна во намалување на воспаление на телото од куркума!

Но, треба да бидете сигурни дека вашето тело правилно ја користи моќната куркума. За таа цел, мора да научите како да ја консумирате.

Прво, набавете мал пакет на органска куркума во прав. Таа наликува на ѓумбир  и слично се подготвува.

Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со некоја маснотија за оптимално апсорбирање на хранливи материи!

Подготовката е најчесто со органско девствено кокосово масло или екстра девствено маслиново масло.

Дневната препорачана количина на куркума изнесува од 3 g до 10 g, а со време можете по малку да ја зголемите количината.

Значи, околу 1 лажичка куркума е препорачаната дневна доза за возрасни. За максимални ефект, треба да ја земате секојдневно или најмалку три пати неделно.

Постари лица и деца под 6 години треба да ја намалат дозата на половина (1/2 кафена лажичка) еднаш неделно за прв пат, а потоа да ја зголемат количината до доза која одговара на поединецот. Ако куркумата предизвикува дигестивни нарушувања или несакани реакции, консултирајте се со доктор.
 
Важно!

Комбинирајте ја куркумата со црн бибер за да ги зголеми своите перформанси. Кога ова се зема заедно, биберот ја зголемува биорасположливоста на куркума од 2000% !!!

Никогаш не земајте ја на празен стомак.

Ако се борите со жолчни камења, консултирајте се со вашиот лекар пред да додадете куркума во вашата исхрана (куркумата го зголемува производството на жолчната киселина и може да ја влоши вашата состојба).

Не ја комбинирајте со лекови против коагулација на крвта, како што се аспирин, ибупрофен или варфарин (marivarin, martefarin), бидејќи куркума исто така ја разредува крвта.

 Која е најдобрата форма на консумирање?

Повеќето луѓе ја додаваат во чаша топло млеко.

Најпопуларна комбинација е таа со  – Златното млеко (рецепт на интернет).

Можете да направите златен мед, од мед и куркума, со исклучителни здравствени квалитети.

Исто така популарен е чај од куркума:

1 чаша топла (не врела) вода
¼ лажичка куркума
Сок од половина лимон
Прстофат цимет (произволно)
1/8 кафена лажичка мед
лажичка кокосово масло

Подготовка: По затоплување на водата, додадете куркума, сок од лимон и мед, лажичка кокосово масло и се добро мешајте. Куркумата ќе се смести на дното од чашата, затоа продолжете со мешањето на водата додека пиете, за да можете целосно да ги искористите предностите на куркумата. Бидете сигурни дека го пиете топол чајот.

На здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗбогум за непотребни работи според правилото 3-7-14!
Следна објаваНајдобрите маскари со влакна за трепки со ултра волумен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР