Стекнувањето на вештини не зависи толку многу од талентот, колку што од вежбањето, искуството и компетенциите. Некои од овие можат да ви дојдат како спас во последно време, додека другите, служат исклучиво за забава. Авторот и деловниот експерт Џош Кауфман во говорот на ТЕД, го сруши митот дека стекнувањето нови вештини бара многу време. За некои вештини или барем за нивните основи, ни требаат околу 20 часа. Значи, ако вежбаме секој ден околу 3 часа, само за една недела е доволно да ги стекнеме новите вештини.

1. Засвирете песна на музички инструмент. Иако теоријата на музиката е многу сложена и нема да станете музичар за една недела, но тоа е доволно време да научите доволно акорди и да засвирите една песна.

2. Да станете голем раскажувач…е повеќе од можно за само една недела. За да го направите ова, најважно е на публиката или пријателите да им раскажете автентична приказна, која содржи драма, поента и секако, треба да знаете кога да престанете.

3. Научете како да подготвите импресивен оброк! Додека некои во кујната се снаоѓаат како риба во вода и никогаш не прават грешка со износот на зачини и подготовка на храна, другите, во кујната се помалку среќни. Но, за да научите како да подготбите оброк што ќе ги задоволи сите, една недела е повеќе од доволно. Само уште морате да го изберете виното кое ќе служите со оброкот.

4. Самоодбраната е една од вештините што се надевате дека никогаш нема да ви затреба, но веројатно ќе се чувствувате посигурно кога би ја совладале, барем во основите.

5. Учење на нов јазик. Една недела не е доволно да го совладате новиот странски јазик, а сосема е сигурно, дека на седмиот ден нема да зборувате француски како да сте родени таму. Но основите на комуникација не се невозможни.

6. Жонглирање. Веројатно по една недела нема да можете да фрлате ножеви во воздух, но жонглирање со две или три јаболки е сосема изводливо.

7. Основи на шиење. Ова е една од вештините, чија основа секој од нас би требало да ја знае. Колку пати ви се случило, непосредно, пред да ја напуштите куќата, додека се облекувате да се сретенете со тој проблем? Ви пукнал патентот, паднало копчето, пукнал шафот и слично. Со основните вештини на шиењето, тоа повеќе нема да биде проблем.

Почнете…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLa Perla со фантастична колекција за пролет-лето 2018!
Следна објава4 трендовски парчиња кои Instagram ги обожува!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР