Не е тајна дека изгледот на домот влијае на нашето расположение …

Само сетете се, колку ви било убаво кога сте го купиле новиоит кревет или тепих…

Мора да сте се чувствувале прекрасно, нели? Истото се случува и кога го декорирате вашиот дом на вистински начин – тоа ќе ве натера да се чувствувате пријатно, а ентериерот, никогаш поубав и подобар!

Ние откривме неколку брилијантни идеи кои сигурно ќе ви се допаднат. Погледнете…

Дезен на таванот
Можеби сте помислиле дека цртаните облици и шари се наменети само за исправените ѕидови, а ние ви предлагаме една сосема забавна идеја: декорирајте го таванот! Ќе додадете длабочина во собата и потпла нота, која обичните бели тавани ја немаат.

Тапети во кујната

Кујната можете да ја декорирате на најлесен начин и целосно да ја промените со помош на самолепливи тапети. Изберете тапети со интересен дизајн кој ќе одговара на целата соба и ќе ја видите моменталната промена.

Големи огледала за визуелно зголемен простор

Да, веројатно сте го виделе овој трик многу пати, но секогаш мора да се најде на оваа листа, бидејќи има голема моќ да ја осветли или визуелно да ја зголеми секоја соба, каде што ќе го поставате. Важно е да бидете поголемо и модерно!

 Наместо тапети – параван
Ако користевте тапети во кујната, тогаш во дневната или спалната соба употребете параван од хартија, со суптилна или живописна шара. Него поставете го до ѕидот,, така ќе добиете голема промена во ентериерот.

 Креирајте дел на ѕидот за детските дела
Купете еден поголем панел во неутрална боја за да ги закачите цртежите на вашите деца. Ова ќе биде идеален начин да ги активирате да бидат креативни и да создадат оригинална декорација на ѕид. Бидете горди кога гостите ќе прашат, кој ги нацрта тие убави цртежи …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВонвременска естетика на британскиот стил!
Следна објаваРетроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ во Даут пашин амам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР