Некои бои како црвената, најчесто се поврзуваат со пролетта и летото, а ние тврдиме дека црвената боја веќе сега ја превзеде есента. Црвената боја е најпосакуваната боја во сите модни комбинации за оваа есен.

Оваа сезона веќе пишувавме за црвените чизми и модните додатоци кои се апсолутно must-have.

Костум во црвена боја, во моментот е најбараниот моден хит, а ние ви нудиме неколку предлози како да го носите.

Откако ќе помислите дека црвениот костум не е за секој ден и дека бара посебено стилизирање, ние ќе ви кажеме дека тоа, не е така. Црвениот костум се носи како секојдневна облека, а изгледа генијално во опуштена комбинација со бели патики.

Ако сакате моднo провокативни и предизвикувачки комбинации, црвениот костум ќе ви помогне во тоа. Изберете панталони со висок струк, кои ќе ги комбинирате со тесен корсет, а комплетирајте ја комбинацијата со црвено сако. Исто така, под јакната може да носите само градник.

Ако се чувствувате доволно храбри, изберете монохроматска комбинација каде што ќе бидете облечени во црвена боја, од глава до пети.

Црвениот костум исто така е погоден за деловен изглед. Комбинирајте го со маици со покачена јака или друга пристојна облека.

Не плашете се од црвената боја, туку подобро освежете ја вашата есенска гардероба со црвениот хит костум.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмски театар (30.10. – 5.11.2017)
Следна објаваВонвременска естетика на британскиот стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ