Шкотскиот бренд на виски, Royal Salute, одбележува една посебна прилика во своето постоење, презентирајќи го својот посебен пакет Royal Celebrations at the Palace.

Овој пат, тие го избраа познатиот 21-годишен стар виски и му го дадоа името Royal Salute 21 Regent’s Banquet. Ова специјално пакување инспирирано е од банкет салата во Брајтон, во која овој виски го пиеле принцот Џорџ IV и неговиот ривал, Големиот војвода Николај од Русија.

Специјалното издание го креираше британската дизајнерка Ангела Граундвотер, која ги користеше деталите на сината и златната боја. Пакетот за подарок содржи порцелански декантер и мало Royal Dalton, порцеланско шише. Декорирано за колекционерите, малото шише е украсено со лавовска глава. Затворачот на шишето на себе носи прекрасен интригантски дизајн со ласерско сечење, инспириран од куполата на банкет салата.

Што се однесува до Royal Salute вискито, тој претставува мешавина од зрели вискија, кои своето полнолетство го дочекаа во дестилериите на Chivas Brothers. Вискито има мазна текстура, акцентирано со арома на карамела, јаболко, слатко и ѓумбир. За интензитетот, вискито доби уште еден слој на вкус, со помош на зачини и лешници.

Иако е ова специјално издание, тоа нема да биде произведено во ограничени количини, па така сите љубители на виски ќе имаат можност да го купат овој подарок пакет, за себе или за некој драг човек.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВиди што ќе се случува оваа седмица во Јавна Соба
Следна објаваRolls-Royce Ghost Oasis – врв на беспрекорен луксуз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР