Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА како дел од своите активности го организира првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје / Investigative Film Festival Skopje од 3 до 5 ноември во кино „Култура“ во Скопје.

Програмата на фестивалот е поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други медиумски трендови, како и бројни дебати, работилници и говорници од Македонија, регионот, Европа и САД кои ќе се фокусираат на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите.

Ќе се одржат четири работилници, наменети за млади истражувачи, новинари, филмаџии, љубители на документарните истражувачки филмови кои ќе имаат можност да ги надградат своите знаења и да учат од врвни професионалци – истражувачки новинари и режисери. Работен јазик за работилниците англиски, а обуките се бесплатни.

Сите заинтересирани може да се пријават на info@pina.mk, најдоцна до среда, 1, ноември.

РАБОТИЛНИЦИ

  1. 11. | 11:30 | Кино „Култура“

„Новинарки кои известуваат од зони со висок ризик“
Едночасовна работилница проследена со сесија на прашања и одговори на тема „Новинарки кои известуваат за зони со висок ризик“ со наградуваната фриленс дописничка од воени зони Барбара Скјавули, која има известувано од Ирак, Авганистан, Израел, Палестина, Пакистан, Јемен и Судан.
Работилницата е наменета за новинари и студенти по новинарство.

  1. 11. | 15:00 | Кино „Култура“

„Crowdfunding финансирање за истражувачки филмови“
Работилницата открива конкретни и докажани упатства за тоа како да станете газда. Следејќи ги упатствата ќе станете исклучително моќни во светот на политиката, економијата и медиумите. Доколку учесниците не ги совладаат основите за тоа како да станат газди, ќе добијат дополнителни лекции за реализирање успешна crowdfunding кампања за финансирање филмски или истражувачки проекти. Работилницата ќе ја водат Дарио Јуричан (режисер и продуцент) и Саша Папарела (новинар) од Хрватскиот центар за истражувачко новинарство и слобода на медиумите (ХРЦИН).

  1. 11. | 11:00 | Кино „Култура“

„Изработка на документарен филм со паметен телефон“
Едночасовна работилница за производство на документарен филм со паметен телефон. Во рамките на оваа сесија чекор по чекор, режисерот Роб Монтгомери ќе ве однесе зад сцената и зад леќата за да видиме како точно се планира, продуцира, снима и уредува долгометражен документарен филм. Монтгомери ќе покаже како тој сам продуцирал квалитетен филм за прикажување во Берлин без екипа, без сценарио, без буџет и без автомобил.

Наменето за новинари, филмаџии, професори, музичари, уметници и сите заинтересирани.

  1. 11. | 12:30 | Кино „Култура“

„Предизвиците и важноста на слободното фриленс истражувачко новинарство„

Едночасовна работилница проследена со сесија за прашања и одговори на тема „Предизвиците и важноста на слободното фриленс новинарство со британскиот новинар Крег Шо, специјализиран за политичка и корпоративна корупција, човекови права и организиран криминал.

Оваа сесија е наменета за фриленс новинари, студенти, едукатори за новинарство, но и сите заинтересирани.

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразнична H & M колекција!
Следна објаваШто се случува ако ненамерно оштетите или уништите уметничкото дело?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР