ОВЕН

Работа

Не ви беше лесно во минатиов период, но вие не се откажавте, само малку се изморивте. Направете драстични промени и ќе видите, дека сè ќе тргне на подобро.

Љубов

Вешто го користите својот шарм во различни ситуации и неуморно смислувате  необични планови. Пред вас е ново познанство кое ќе ве заинтригира, но бидете дискретни во однесувањето.

Здравје

Добро се чувствувате.

БИК

Работа

Оваа недедела не е посебно плодна за вас. Вие се надевате на најдобро, но многу проблеми ве мачат кога е во прашање новиот деловен план.

Љубов

Партнерот живее во верувањето дека тој подобро се разбира од вас во разни области, што додатно ве иритира. Поради различните емотивни несогласувања кои ги трпите, страдате, а понекогаш делувате напнато во друштво на пријатели.

Здравје

Се чувствувате исцрпени.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Вашата работа ви носи радост и задоволство и целосно ве исполнува. Заради тоа, наскоро ќе постигнете напредок.

Љубов

Полесно ви е кога од одредена дистанца и смирено го анализирате вашиот однос со саканата личност. Меѓутоа, кога премногу ќе се одалечите од главната тема, вашето внимание го превземаат некои споредни личности.

Здравје

Вежбајте повеќе.

РАК

Работа

Во овој период имате малку повеќе работа од вообичаено, а веќе сте внеле и дополнителни обврски кои ве оптеретуваат. Очекувајте наскоро прилив на пари.

Љубов

Ако сте млади или слободни, нова љубовна средба во вас ќе ги потикне жешките страсти и чувство на пријатна наклонетост, во друштво на личност која делува инспиративно. Препуштете се на љубовното задоволство и уживајте во работите кои претставуваат поубав дел од реалноста.

Здравје

Повеќе прошетки.

ЛАВ

 Работа

Се обидувате да промените нешто во врска со деловниот план, а самите знаете дека можете да бидете реализирани како личност единствено ако работата ве исполни во целост.

Љубов

Избегнувајте предизвик и авантури кои претставуваат заблуда за слатки тајни, своето внимание посветете го на блиската личност. Ви импонираат знаци на внимание кои ги  добивате во новото друштво.

Здравје

Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

 Работа

Се трудите, но имате чувство дека нешто упорно ви недостасува. Премногу сте благи, а понекогаш треба и заби да покажете, за да го добиете тоа што го сакате.

Љубов

Понекогаш работите ги гледате во контекст на строги принципи, но љубовната врска бара прилагодување и исчекор од своите воспоставени навики. Направете го тоа според вашите чувства и совест.

Здравје

Намалете ги оброците.

ВАГА

Работа

Не одбивајте работа. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате за вашето слободно време и ангажман.

Љубов

Бидете коректни кон вашиот љубовен партнер, бидејќи еден бран на недоразбирање може да ви создаде нови проблеми што ќе ве оддалечи од заедничките планови. Не  играјте со неговото трпение или емотивна доверба.

Здравје

Следете ги советите на докторот.

ШКОРПИЈА

 Работа

Вашата сила и енергија доаѓаат до израз оваа недела, обидете се да се покажете во најдобро светло пред претпоставените. Само не претерувајте.

Љубов

Не можете премногу да направите со зборови, но затоа со одредени постапки е можно да ги поместите сите емотивни ѕидови. Способноста да го почувствувате задоволството во љубовното заведување, како и да задоволите нечии потреби, претставува посебен квалитет и богатство на личноста.

Здравје

Витални и полни со енергија.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Финансиската ситуација е малку полоша отколку што се надевавте. Ќе дадете се од себе, да повторно вложите време и пари и го вратите стариот сјај.

Љубов

Со нови заплети и различни притисоци, тешко е правилно да ги усогласите вашите чувства и разум. Понекогаш имате лоши проценки на настаните во љубовниот живот.

Здравје

Добро.

ЈАРЕЦ

Работа

Секој кој плаче над своите проблеми а не ги решава, може да очекува затворена врата од вас. Размислете, тоа се вашите соработници, дајте им совет заради добрите денови.

Љубов

Понекогаш не можете да ја разберете причината за чудното однесување на партнерот. Нема причина да се двоумете пред драгиот човек, покажете ја позитивната страна на вашата личност.

Здравје

Внимавајте на грлото.

ВОДОЛИЈА
Работа

Ја занемарувате сопствената кариера поради кариерата на вашиот партнер, но сега тоа мора да се промени. Вие не можете да седите со скрстени раце.

Љубов

Вие постојано ги игнорирате постоечките проблеми. Понекогаш е тешко да се процени нечија улога или влијание во љубовна врска.

Здравје

Витални сте, пешачете.

РИБИ

Работа

Голем ентузијазам и енергија. Можете и на другите да ја префрлите оваа позитивна енергија, а и понатаму ќе останете успешни.

Љубов

Сменете ја вашата емотивна ориентација. Потребна ви е храброст да разговарате за работите кои ги потиснувате, а се скриен дел од вашето битие. Само така ќе ги усогласите заедничките интереси.

Здравје

Тензија во дланките, Масажа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПокривки од крзно и волна во домот!
Следна објаваНајновиот футуристички автомобил на Honda
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР