За прв пат во модната инндустрија беа претставени најскапо изработениот пар на stilleto сандали. Креирани од страна на модната дизајнерка Debbie Wingham, овие пар сандали чинат цели 15 милиони долари. Да, драги наши читатели убаво прочитавте!

Со прекрасен уметнички дезен изработени од 24 каратно злато со преку 1000 дијаманти на нив, тие поседуваат два розе дијаманти од 3 карата коии вредат цели 5 милиони долари, потоа два плави дијаманти во вредност од 2 милиони долари како и четири бели дијаманти.

Дизајнерката и откри на публиката еден интересен факт, всушност скапоцените камења кои таа ги користи при изработка на своите модели се всучност во приватна сопственост на самите клиенти.

Уникатните сандали изглледаат елегантно и женствено а дијамантите се така суптилно поставени да оддаваат одредена доза на сјај и луксуз.

Погледнете како изгледаат!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР