“Dora The Explorer” наскоро ќе стане филм!

“Dora The Explorer” наскоро ќе стане филм!

“Дора истражува” е еденд од најпознатите цртани филмови во кој децата и возрасните уживаа во него. Цртаниот филм за авантури, во кои главниот лик е слаткото седумгодишното девојче Дора, децата ширум светот ги “залепи” на екраните.

Серијата цртани филмови “Дора истражува” беше создадена во 1999 година, а од 2000 година редовно е прикажувана на телевизија.

Со текот на времето, Дора стана главен лик на компјутерските игри, па само беше  прашање на време, кога ќе стане главна ѕвезда и на филм. Ни се чини, дека нема да чекаме долго за тоа. Michael Bay, продуцент познат по филмовите „The Texas Chainsaw Massacre“ , „Friday the 13th“, „Pearl Harbor“ и многу други, објави дека ќе направи филм во кој главниот лик ќе биде Дора.

Иако деталите за снимањето се уште не се познати, ниту актерите кои треба да учествуваат во филмот, се верува дека филмот може да го види светлото на денот во 2019 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии на загрозените животни
Следна објаваНова зимска колекција на Ikea со Божиќ во центарот на вниманието!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР