На есен, кога има се помалку сончеви денови, а надвор паѓа дожд и студи, многу луѓе паѓаат во есенската меланхолија.

Во есен, и покрај времето, за да останете добро расположени и среќни, експертите ве советуваат да ги направите следните работи.

 Заборавете на диетите
Првото нешто што треба да заборавете на есен, се диетите. Запомнете, сите ограничувања на храна во есенскиот период, негативно ќе влијаат на вашето расположение и благосостојба.

Лекарите советуваат дека ако сакате да изгубите тежина во студениот дел од годината – користете ги принципите на здрава исхрана и спорт, но не ограничувајте ја вашата храна.

Спијте доволно

Да, важно е да спиете во текот на есента. Одложете ги курсевите, важните книги и работа во вечерните часови. Спијте најмалку 8 часа на ден. Прво, тоа ќе има позитивен ефект на вашиот изглед, а второ, добариот сон ќе ви даде добро расположение и ќе ја зголеми продуктивноста во попладневните часови.

Одете на состаноци

Еднаш неделно, одете со вашиот партнер во вашиот омилен ресторан, театар или кино – не е важно. Главната работа е, есенските вечери да ги посветите на вашиот партнер и себе си.

 Пијте вино

Малку суво вино за време на вечерата е есенска традиција за оние кои ја сакаат удобноста на куќата. Покрај тоа, виното го подобрува варењето и расположението, а исто така помага и да се опуштите.

.Патување
Ако имате прилика да се одморите во есенскиот период – одлично. На есен, најдобро е да се оди на патување за да се врати силата и чувството на задоволство и среќа. Ако немате можност да одите некаде далеку, тоа не е проблем. Еднаш или двапати месечно, планирајте викенд патување и посетете места каде што не сте биле. Уживајте во есенските денови и посетете нови места со вашиот партнер или пријатели. Патувањата, дефинитивно ќе го подобрат вашето расположение.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИдеи за есенско декорирање во домот!
Следна објаваНајпопуларниот венчален прстен за 2017 на Pintеrest!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР