ШЕСНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ /ЕСЕН-ЗИМА/2017-2018

Синојќа (23.10.2017) во хотел „Мериот“ – Скопје, започна шеснаесеттиот Моден викенд Скопје. Беа претставени четири ревии, под мотото на сезоната #Stopthetraffik.

Сезоната есен-зима 2017/2018 се отвори со модната ревијата на „Papaz“ со  колекцијата „Подем на гревот“, чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. „Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток.“, вели Ѓоргиевски за својата колекција.

Image may contain: one or more people

Image may contain: 2 people, people sitting, shoes and indoor

Image may contain: 1 person

Image may contain: one or more people, people standing and shoes

Image may contain: 7 people, people standing

Публиката ја виде и најновата, извонредна колекција на „Sigma Jewelry“ инспирирана од богатата традиција. Новата колекција е засилена со тонови на розево и бело злато,  проткаена со модерен изглед, кој ги буди сетилата на секоја жена. И за оваа сезона „Sigma Jewelry“ ни претстави уникатни парчиња накит кои симболизираат  среќа, женственост и елеганција, во хармонија со перфектната изработка. Посебно внимание им е посветено на сите вградени детали.

Image may contain: 1 person, close-up

Image may contain: one or more people and close-up

Image may contain: 2 people, close-up

Image may contain: 3 people, people sitting

Image may contain: 5 people, people standing

За колекцијата „Маршот на боговите“ која ја прикажа Викторија Арсовска, вели дека е „презентирана женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали . Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф. “

Image may contain: 12 people, people smiling, people standing, wedding and suit

Image may contain: 4 people, people sitting and indoor

Image may contain: 3 people, people standing

Со колекцијата наречена „Art deco“ на „Ателје Коцарева“ заврши првата модна вечер. „Колекцијата “Art deco” е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начи го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, вели Моника Коцарева

1

4

9

За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски. Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите се „LAKME“ во соработка со „Студио Лили“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“ во соработка со „Мое студио-Дадар“. Официјален парфем на сезоната – C-THRU. Моделите оваа сезона ќе ги носат чевлите од „Paolo Bocelli“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваZara со тренди парчиња и нови цени!
Следна објаваИдеи за есенско декорирање во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР