Често пати зборуваме за највисоките згради на светот, меѓутоа ретко ги споменуваме најголемите.

Овие импресивните градби ќе ве остават без здив.

Abraj Al Bait Towers, Саудиска Арабија

Овие кули со гордост го носат највисокиот часовник на светот, а се простираат на над 1,5 милиони квадратни метри. Покрај големата квадратура, оваа зграда се води и како трета највисока на светот. Зградата всушност е комплекс од 7 облакодери користени за потребите на хотелот. Изградбата беше завршена во 2011 година со цел да се модернизира градот Мека. Ал Bait се протега на 120 ката, а трошоците за изградбата беа над 15 милијарди долари.

Palatul Parlamentului, Романија

Николае Чаушеску за време на неговото владеење во Романија, ја измисли идејата за обединување на целата државна администрација во една зграда. Планот не успеа, но ја остави зад себе најголемата административна зграда на светот. Зградата е завршена во 1997 година, а 700 архитекти работеа на неа. Ова е и најтешката градба во светот, како и најскапа административна зграда која некогаш била изградена.

Dubai International Airport, Обединети Арапски Емирати

Терминалот 3 на овој аеродром е втората најголема зграда во светот според големината на површината која ја завзема и е најголем воздушен терминал во светот. Аеродромот во Дубаи е најпрометното пристаниште во светот кога станува збор за меѓународни патници, а во 2016 година преку него минале над 83,6 милиони патници.

Kinépolis Madrid Ciudad de la Imagen, Шпанија

Најголемото кино на светот со 25 екрани и 9200 седишта е во Мадрид. Во 2001 година, Кинеполис го отвори второто најголемо кино во Валенсија, со 24 екрани и 8 000 седишта. Иако во моментов не се зборува за изградба на уште поголем кино, се обложуваме дека ако тоа се промени, Kinepolis сигурно ќе биде лидер на проектот.

Ericsson Globe, Шведска

Да, тоа е голема топка, всушност, официјално најголемата топка во светот или, поточно, најголемата топка-зграда во светот. Отворена е во 1989 година и е симбол на Стокхолм и Шведска. Оваа зграда, всушност е арена која беше домаќин на речиси сите поголеми настани во текот на изминативе децении.

Mehrangarh Fort, Индија

Mehrangarh Fort е најголемиот замок што ги преживеал сите војни на светот и сè уште изгледа, дека би можел да се спротивстави на сите опсади без никакви проблеми. Изграден во 1460 година и се наоѓа над вториот по големина град во Индија, Џодпур.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБелите чизми на Манго го освојуваат модниот свет!
Следна објаваZara со тренди парчиња и нови цени!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР