Канадската авторка Маргарет Атвуд, на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, ја доби Наградата за мир (German Booksellers’ Peace Prize)   доделена од Здружението на германски издавачи и книжари.

Во објаснувањето на наградата, стои дека: “Авторката на бројни романи, есеи и збирки поезија, покажа извонредна политичка интуиција и длабока перцептивна способност да ги согледа опасните и фундаментални настани. Како една од најважните наратори на нашето време, Атвуд бестрашно ги истражува променливите модели на мисла и однесување во нејзините утописки и дистописки дела “.

Маргарет Атвуд ја прослави романот The Handmaid’s Tale, кој беше објавен во 1985 година, за кој две години подоцна ја доби првата награда Arthur C. Clarke Award, за најдобар научно-фантастичен роман. Денес, повеќе од 30 години се врати на листата на најпродавани романи, откако по него беше снимена истоимената серија, една од најпопуларните.

The Handmaid’s Tale е роман за државата формирана по катастрофата на територијата на САД. Тоталитарно и традиционално општество, во кое жените се целосно врзани за домаќинството и “припаѓаат некому”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолажите на Ивана Горичан
Следна објаваБелите чизми на Манго го освојуваат модниот свет!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР