Кога станува збор за убавината и разноликоста на уметноста, мора да се согласиме дека и нема крај!

Задоволство ни е да Ви ја претставиме работата на една македонска уметница која вниманието ни го привлече со детализираните колажи кои воодушевуваат!

Ивана Горичан веќе шест месеци работи на детализирани колажи чија инспирација ја црпи од мајсторската графика на книжните банкноти, која како што вели, е огромна, графичарска решена вештина и естетика спакувана во 10 сантиметри. Техниката пројавува процес од првично истражување на интересна банкнота, нејзино принтање и сечење на оние делови кои и оставаат најголем впечаток. Потоа со мајсторска рекомбинација и лепење на деловите, се добива еден ваков колаж кој нас не потсетува на индустријализацијата, подемот на класичното банкарство и слобода на самата човекова идеја.

Колажите доаѓаат во различен формат, досега најголемиот е 100х70 сантиметри, додека останатите се во А4 и А3.

Ивана ќе ги претстави своите колажи на изложбата во Торино, Италија, од 1ви до 5ти Ноември како дел од саемот за уметност Паратисима.

Покрај колажите, Ивана зад себе има издадено и две боенки, додека третата ќе се публикува до крајот на оваа година. Првата од нив минатиот месец го достигна своето 5то издание со продадени 3 000 примероци.

Доколку сакате да си порачате еден ваков колаж за да го разубави ентериерот на Вашиот дом, можете да ја контактирате Ивана на нејзината електронска пошта (gorican.ivana1@gmail.com), или на нејзините акаунти на Facebook или Instagram.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (23.10 – 29.10)
Следна објаваMargaret Atwood доби престижна награда!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР