Раскошно и во исто време префинето. Вака во кратки црти може да се опише најновата модна колекција за пролет/лето 2018 година која настана како соработка помеѓу турскиот дизајнер Erdem Moralıoğlu и H&M.

Erdem е еден од низата модни креатори кој оствари успешна соработка со овој моден гигант. Интересно да се спомене за овој млад автор е фактот што тој ги занемарува половите разликии и скоро сите негови колекции се UNISEX.

“Кога ме повикаа од седиштето на компанијата и ме прашаа дали сакам заедно да ја изработиме оваа колекција, јас ги повикав во моето атеље и им го презентирав музичкиот спот на групата “Pet Shop Boys” “Beeing boring”, изјави дизајнерот”. Понатаму тој ќе рече ми се допаѓа идејата кога формалното се спојува со неформалното во едно.

Токму така изгледа и оваа линија каде преовладуваат ѓенствени модни фустани украсени со цветни дезени, долги елегантни мантили како  и кошули во викторијански стил украсени со црни панделки околу вратот.Ви ја преставуваме колекцијата. Погледнете ја!!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР