Со цена од 54,5 милиони долари, оваа спектакуларна вила со 11 спални е веројатно ултимативниот приватен дом на Дубаи, со неверојатно луксузна понуда.

Дел од оваа вила е ноќен клуб кој може да прими до 200 луѓе! Вилата се наоѓа на едната страна од прекрасната Палма Џумеира и има своја приватна плажа на овој неверојатен вештачки архипелаг. Се разбира, изгледот низ прозорците е  невиден. Собите со стаклени ѕидови имаат поглед на плажата и тиркизната вода на заливот, додека во позадинатта можете да ја видите панорама на градот, вклучувајќи ги и Бурџ ал Араб и Дубаи Марина. Вилата е на имот од 6.000 м2 и нуди околу 4.500 квадратни метри простор – 11 спални соби и петнаесет купатила.

Вилата е изградена пред десет години како хотел, со сите услуги и спецификации. Нејзин дел се крилата наменета за гости, убава кујна и приватно обезбедување. Ентериерот секако треба да се освежи, но ние сме сигурни дека ова нема да претставува проблем за лицето кое ја купува.

Исто така, вилата има свое место за брод што само придонесува за нејзината ексклузивност, а сите жители на Дубаи знаат дека тоа е многу важна привилегија.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 работи кои не смеете да ги носите на првото интевју за работа!
Следна објаваErdem Moralıoğlu and H&M
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР