American bar, сместен во хотелот Савој во Лондон, беше прогласен за најдобар бар на светот во 2017 година.

Еден од легендарните барови кои се наоѓаат во некој хотел, за прв пат е назначен за најдобар бар во светот. American bar беше именуван на врвот во категоријата World’s Best 50 Bar Awards, а на оваа листа се наоѓаат и други, исто така познати светски барови.

Така, историскиот коктел-бар го победи минатогодишниот победник – The Dead Rabbit bar од Њујорк, кој овој пат го освои 5-то место.

American Bar во светот е познат по гламурот и елеганцијата во духот на 30-тите, а бил отворен уште во 1893 година, од кога служи класични рецепти на коктели по легендарната коктел книга на Савој.

 По повод доделувањето на наградата Ерик Лоринц, барменот од овој бар рече: “Ова е неверојатно достигнување за American Bar и јас сум многу горд на овој момент, во мојата седумгодишна барменска кариерата во American Bar. Се обидуваме да го зачуваме нашето наследство и светската репутација, која барот ја стекна во својата 128-годишна историја “.
Еве ја и листата на 10 најдобри барови:
  1. American Bar, The Savoy Hotel, London
  2. Dandelyan, Mondrian, London
  3. The NoMad, NoMad Hotel, New York
  4. Connaught Bar, The Connaught, London
  5. The Dead Rabbit Grocery and Grog, New York
  6. The Clumsies, Athens, Greece
  7. Manhattan, Singapore
  8. Attaboy, New York
  9. Bar Termini, London
  10. Speak Low, Shanghai China
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСликата “Salvator Mundi,” (Спасителот на светот) на Леонардо да Винчи на 15 ноември на аукција во Christie’s!
Следна објаваНајдобрите свадбени фотографии за 2017
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР