На 15 ноември оваа година, во аукцијската куќа Christie’s – New York, ќе биде изложена и понудена на продажба скоро пронајдената слика на Леонардо да Винчи – Salvator Mundi (Спасителот на светот), а се очекува да постигне цена околу 100 милиони долари!

Сликата датира од 1500 -та година и за прв пат е забележана како сопственост на кралот Чарлс први од Англија. Низ вековите поминала низ рацете на повеќе сопственици за да стане сопственост на сер Чарлс Робинсон во 1900- та година.

58 години подоцна, без да се знае нејзината вистинска вредност, сликата е препродадена за 45 фунти, се до нејзиното повторно откривање во 2005 година. Шест години траеше испитувањето за да се потврди нејзината автентичност .

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако до додатни места за седење во домот?
Следна објаваНајдобар бар на светот за 2017 е American Bar во хотелот Savoy – Лондон!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР