Покрај тоа што изгледаат одлично, ние ги сакаме “oversized” комбинациите, бидејќи се многу пријатни и во нив се чувствуваме како во пижами.

Клучот за успешно комбинирање на големите парчиња е рамнотежата, едно парче ги надополнува другите. Мешањето и совпаѓањето на соодветните парчиња е важно за да се постигне избалансирана силуета.

Со такви аутфити можете да комбинирате сè, широки панталони, џемпери, кошули, патики, па дури и штикли, ако немате план да трчите низ градот по цел ден. За добитна “oversized” комбинација,  битна е само креативноста, комбинацијата на тенки и подебели материјали создава навистина интересни комбинации.

Кардиганот е одлично парче кое може да ја разбие монотонијата, изгледа одлично во речиси сите комбинации. Во комбинација со свилен топ, изгледа истовремено, елегантно и секси.

Голем џемпер кој од една страна лежерно е вовлечен во фармерките, ја нагласува линијата и изгледа stylish.

Во широките џемпери ќе ви биде топло и удобно, а можете да ги комбинирате со чизми над колена, до глуждови, па дури и патики.

Ако имате тесна половина која сакате да ја нагласите, наместо да се криете зад големите парчиња, можете да икористите било кој појас или убава лента за да го направите тоа.

Уште една комбинација на преголеми џемпери кои во исто време изгледаат секси и елегантни, е таа со молив-здолништа. Така ќе го потенцирате долниот дел од телото, додека горниот изгледа лежерно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзгубениот континент ZEALANDIA!
Следна објаваКолекција на мебел за мачки и кучиња од Ikea!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР