Оваа куќа се наоѓа во Оксфордшир и несомнено, е мал дел од историскиот рај.

Изградена е во 18 век, но без оглед на епохата од која потекнува, внатрешноста на оваа куќа успеала да го задржи својот шарм и убавина. Неодамна, целата куќа претрпела дизајнерко реновирање, па можете да видите на фотографиите како изгледа во својот полн сјај.

Првото нешто што го забележувате во овој ентериер е белата боја, која доминира и дава автентичност на овој простор. Бели ѕидови, бели постелнини, одредени парчиња мебел во бела боја, како и лампите, ја определија централната тема на овој ентериер.

Белата тема и дава на секоја соба елегантен и софистициран изглед. Се разбира, бидејќи белата добро се комбинира со другите бои и материјали, овој ентериер има акценти на изложеното дрво во вид на греди, мебел во неутрални нијанси, како и на растенија кои на секоја соба им даваат карактер.

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Овој ентериер е совршена комбинација на винтиџ и модерен современ стил. Ова најдобро се гледа во централната дневна соба, каде што можете да ја видите комбинацијата на столиците од плексиглас со дрвената трпезариска маса.

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Сакајќи да го одржат оригиналниот изглед на оваа куќа, дизајнерите одлучија дека ѕидовите со изложените тули се вистинската работа, а тоа е забележливо во овој простор. Особено е видливо во областа околу каминот, кујната и трпезаријата, како и на ѕидовите на ходникот.

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Запомнете дека секој простор добива “душа” благодарение на деталите – огледала, светилки, рамки за слики, списанија, цвеќиња…кои се клучните елементи во ентериерите кои имаат автентичен карактер.

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Растенијата се важен дел од декорот на секој ентериер кој сака здрава атмосфера. Во  овој дом, природата е влезена на голема врата, без разлика дали станува збор за лаванда во бањата, или засадени растенија во кујната. Естетскиот бенефит што  го добивате со цвеќето е немерлив.Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeruKako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Овој простор е поврзан со надворешноста која е исто така убаво украсена и дизајнирана за релаксирање во попладневните часови со семејството и пријателите.

Kako da iskombinujete vintidž i savremeni stil u enterijeru

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбави фотографии од Њујорк!
Следна објаваИзгубениот континент ZEALANDIA!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР