По големата одлука за преселување, доаѓаат одлуките за тоа како и на што да се потрошат парите, посебно кога станува збор за мебелот. Секако дека сакате да живеете во  најдобриот простор, но поголемиот дел од нас, треба да внимава на буџетот.

Иако постојат неколку работи на кои дефинитивно сакате да потрошите повисока сума на пари, постојат и многу елементи кои можете да ги купите без големи парични расходи.
Дали ви е потребна помош да препознаетте на што ќе потрошите, а на што да заштедите?

Кревет: потрошете
Еден добар и квалитетен ноќен одмор и сон, се една од најважните работи што треба да ги направите за вашето тело. Ако можете, обидете се да потрошите малку повеќе на врвен квалитет на душек за кревет, кој ќе ви помогне да имате квалитетен сон, каков што ви треба.

Комода: заштедете
Комодите може да бидат ефтини и лесно да се “дошминкаат”. Променете ги рачките, офарбајте ги или ставете украсни фолии или тапети. Нема потреба да потрошите голема сума пари, туку само малку труд.

Кауч: потрошете
Софата или кауч, е главната ѕвезда на секоја дневна соба. Освен што визуелно мора да биде убава и да го претстави вашиот стил и вкус, важно е да е удобна. Потрошете некој денар повеќе и купете квалитетна софа. На неа ќе поминувате часови и часови, гледајќи филмови во попладневната дремка.

Помошна масичка: заштедете
Со сите прелиени кафиња и дамки од чашите… ајде да бидеме реални, многумина ги  користат како одмор за нозете, нема потреба да потрошите многу пари на оваа масичка.

Апарати за готвење: потрошете
Ако купувате големи кујнски апарати, размислете долгорочно и практично. Квалитетот на апаратите е исклучително важен, како и вклопување во вашиот животен стил и готвењето. Внимавајте на гаранциите, затоа што често може да се најдат апарати со 5 годинишна гаранција. Исто така, изберете најдобра енергетска класа, особено кога станува збор за фрижидерот, бидејќи дефинитивно се исплаќа на долг рок.

Кујнски додатоци: заштедете
Ако не сте професионален готвач, не треба да трошите пари на скапи ножеви за сечење, даски за сечење и слично.

Завеса за туширање: Потрошете
Можеби звучи невообичаено за вас, но завесата обично е главен визуелен фокус во секоја бања. Потрошете повеќе денари и купете квалитетна и визуелно интересна завеса што ќе ја подигне целата бања на повисоко ниво.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМango – чизми до зголб и торба преку раме!
Следна објаваПрвиот хостел во песок моментално е главна атракција во Австралија!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР