Ситуацијата во светот на модата ќе претрпи голема промена оваа година, но она што ќе остане исто е прогресивната естетика на дизајнерска естетика на Марија Грација Кјури …

Пред една година, оваа дизајнерка стана првиот женски креативен директор на брендот Christian Dior. Таа го освои светот како олуја со својата мајца со натпис  “We Should All Be Feminists”, продадена во милиони примероци. Некои дури се осмелија тоа да го наречат нов тренд. Но, оваа дизајнерка не го имала тоа на ум кога ја создала својата колекција, туку ја засновала на вредностите кои и сама ги негува.

Christian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion Week

Сега, Марија ја создаде револуционерната колекција за пролетта 2018 година, која беше претставена во текот на првиот ден од модната недела во Париз. Инспирирана од седумдесеттите години и актуелната политичка ситуација, Марија се впушти во архивите на сликарката и скулпторката Ники де Сен-Фале, која беше блиска пријателка на долгогодишниот креативен директор на брендот Диор, Марк Боан. Кјури била инспирирана од уметноста создадена од Ники, која е опфатена со феминизам.

Christian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion Week

На овој начин, добивме уште една модно освестена колекција на брендот Кристијан Диор. Ние слободно можеме да кажеме дека Марија Грација Кјури го менува лицето на модата и тоа на многу добар начин.

Christian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion WeekChristian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion WeekChristian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion WeekChristian Dior - proleće 2018 - Paris Fashion Week

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава110.000 посетители викендов во Skopje City Mall
Следна објаваНајубава земја на светот е Шкотска!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР