Со огромно задоволство сакаме да ве известиме дека официјалната премиера на филмот Кога денот немаше име на македонската режисерка Теона С. Митевскаво Скопје ќе се одржи на 12 октомври 2017 година, со почеток во 20 часот, во киното „Милениум”. Веднаш по премиерата, филмот ќе започне со редовни кинопроекции на репертоарот во скопските кина „Милениум” и „Синеплекс”. Отворената средба на филмската екипа со медиумите е закажана за петок 13 октомври од11 часот во Јавна соба (Public room), ул. 50 Дивизија, бр. 22, Скопје.

Конечно и пошироката скопска публика ќе може да го погледне најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска, кое доби одлични оценки меѓу филмските критичари во Европа и во светот и е првиот македонски филм по Пред дождот што е продаден за киноприкажување во големата Кина. Светски познатиот агент за продажби „Cercamon” веќе ја потврди оваа продажба, што е огромен и редок успех за еден македонски филм.

Покрај тоа, на 13 (петок, по проекцијата во 19.45) и на 17 октомври (вторник, по проекцијата во 19.30) во „Синеплекс” гледачите ќе имаат ексклузивна можност, веднаш по проекцијата на филмот, да се сретнат со актерите што ги толкуваат главните улоги на разговор и дискусија. Модератор на дискусиите ќе биде филозофотМариглен Демири.

Освен веќе нашироко познатата и докажана македонска режисерка Теона С. Митевска, на филмот работеа и Агнес Годар, француската директорка на фотографија, која го снимаше овој филм, продуцентката Лабина Митевска и сценаристката Елма Татарагиќ. Главните улоги ги толкуваат шесте млади актери: Леон РистовХанис БагашовСтефан КитановиќИгорчо ПостоловДраган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов.

Филмот премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, а веднаш потоа следуваа низа успешни учества на голем број значајни филмски фестивали во светот: Филмскиот фестивал во Софија, Бугарија; Фестивалот на европскиот филм во Лече, Италија, каде што беше добитник на награда на „Cineuropa”; Филмскиот фестивал во Линц, Австрија; филмските фестивали во Сиднеј, Австралија, и во Ерусалим, Израел каде овој престижен фестивал го најави како ремек-дело; потоа „Four Rivers Film Festival” во Хрватска, Сараевскиот фестивал и „Blackcanvas (Festival De Cine Contemporeano)” во Мексико.

До крајот на годината се закажани уште неколку учества на фестивали, имено: „FIFF (Festival International du Film Francophone)” во Намур, Белгија; „CineEast FF” во Луксембург; „Cairo International FF” во Каиро, Египет; „Ljubljana Film Festival” во Љубљана, Словенија; како и „Festival Auteurs Film” во Белград.

Во Македонија, премиерата на филмот беше на 29 септември на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, а на 7 октомври беше прикажан и во рамките на манифестацијата „Бела ноќ” во Скопје.

За приказната на КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ

Овој филм ја раскажува приказната за шест тинејџери. Милан и неговиот најдобар пријател Петар подготвуваат авантуристичка екскурзија со своите другари некаде на периферијата на Скопје. Тие се возбудени од претстојната ноќ на пиење и лудување пред раноутринската риболовна експедиција. Тие се типични тинејџери, полни со сексуални и романтични тензии и возбуда, вознемирени и оптоварени со пари и со материјални нешта. Понекогаш се ѓаволести, понекогаш и ангелски; гладни за да бидат возрасни, сепак со детско однесување. Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација што расте растргната од социјална несигурност и од сомнителни вредности. Нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка и целосно е превртена со ненадеен конфликт…

За КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ некои од најазначајните светски медиуми напишаа:

Престижниот портал специјализиран за eвропски филмови Синеропа (Cineuropa) излезе со многу позитивна критика, опишувајки го филмот како најдобро остварување на Теона Митевска која со овој филм прави нов, смел исчекор нанапред … …инспириран од вистински настан, но кажан од обратна перспектива, … е тежок филм, но е вистинска награда да се види.”

“Митевска ја достигнува својата порака доаѓајќи од различни места, раскажувајќи ја некогаш на многу софистичиран начин, а некогаш многу брутално и директно, но визуелно Кога денот немаше име е прецизно изрежиран филм со јак визуелен стил, и моќен дизајн на звук, кој на моменти го превзема раскажувањето на приказната на точни и добро избрани места, особено која се појавува возменирувачката, тензична музика на Жан Пол Деси (Jean Paul Dessy). Изборот на актери без или со многу мало актерско искуство, го носи филмот таму каде што можеби и самиот режисер не замислувал. Нивните индивидуални карактеристики проникнуваат низ филмот како пиреј, неочекувано додавајки (многу почесто) вознемирувачки и (ретко) оптимистички страни на карактерите кои ги толкуваат.”

http://cineuropa.org/nw.aspx?t=newsdetail&l=en&did=324202

Референтниот Скрин Дејли (Screen Daily) го опиша филмот како филм “… со мрачна тема доловена со непоколебливиот објектив на Ањес Годар, што го прави тежок, дури и за балканскиот регион. Ова е филм кој најдобро ќе проаѓа кај софистицираните фестивалски публики кои ќе го ценатнатуралистичкиот пристап на режисерот и суровo искрениот портрет на македонските тинејџери.”

http://www.screendaily.com/reviews/when-the-day-had-no-name-berlin-review/5115022.article

Јуриша Павичиќ, за хрватскиот Јутарни Лист (Jutarnji List) пишува, “Македонскиот филм се подигрува со фактите и фикцијата, за која најверојатно ќе има приговори, но филмот како филм е тешка, но мошне интересна студија за машката адолесценција во земјите губитнички во транзицијата.”

http://www.jutarnji.hr/kultura/film-i-tv/el-bar-cisti-pulp-koji-ima-humor-akciju-i-obnazenu-ljepoticu-a-iza-te-perolake-zabave-krije-se-zapravo-grdna-dijagnoza-suvremene-europe/5647931/

За босанскиот весник, Ослобоџење (Oslobođenje), критичарот вели “Впрочем приказната за која овој филм доста визуелно експресивно зборува, е за една изгубена млада генерација, која не е карактеристична само за Македонија, туку и за целиот Балкан …

… Филмот Кога денот немаше име нема формула на трилер, иако на моменти поседува елементи од тој жанр, кои се умешно прикажани преку напрегната атмосфера на исчекување на нешто непознато, со најавена катастрофа преку музичката и звуковата подлога”.

http://www.oslobodjenje.ba/kun/umjetnost/filmovi-o-izgubljenim-generacijama/194022

За Теона Стругар Митевска

Кога денот немаше име е четврти долгометражен филм на Теона. Нејзиното првенче Како убив светец ја имаше својата премиера на Ротердамскиот филмски фестивал, во селекцијата „Тигар”, и беше поддржан од фондот „Хуберт Балс”. Јас сум од Титов Велес беше преставен на Берлинскиот филмски фестивал и на Kанскиот филмски фестивал во селекцијата „Ацид”. Патуваше на 98 фестивали и беше продаден во 14 земји, меѓу кои и Америка. Доби 15 награди и е еден од најуспешните македонски филмови. Жената која ги избриша своите солзи ја имаше својата премиера исто така на Берлинскиот филмски фестивал и патуваше на над 60 филмски фестивали низ светот.

Кога денот немаше име е трето учество на Теона на Берлинскиот филмски фестивал со долгометражен филм. Теона како автор беше откриена токму од Берлин со нејзиниот краткометражен филм Вета во 2002 година, за кој доби и специјална награда, и слободно може да се каже дека таа е автор што расте со Берлинскиот фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавиот семеен фотографски серијал на светот
Следна објава110.000 посетители викендов во Skopje City Mall
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР