ОВЕН

Работа

Долго време на работа не сте биле под ваков притисок. Од вас, како премногу да се очекува. Бидете трпеливи, бидејќи вашата работа ќе се исплати и конечно ќе имате можност да го привлечете вниманието на себе.

Љубов

Во љубовта добро ви оди, дури и подобро отколку што очекувавте. Но се уште ги криете емоциите, како змијата нозете.

Здравје

Добро се чувствувате.

БИК

 Работа

Вашата сила ќе дојде на виделина оваа недела. Како лидер на бизнис план, ќе немате ни малку лесна задача. Голема одговорност доаѓа од оваа позиција.

Љубов

Вашата врска има мали осцилации и несогласувања, но тоа сè брзо ќе се реши до крајот на оваа недела и тоа со разговор.

Здравје

Чувствуавате замор.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Нова работа, нови задачи, нови предизвици. Ова е недела на приспособување кон новите околности, што не ви е лесно, а тоа не се обидувате да го покажете.

Љубов

Без оглед на малото разделување со личноста што ја сакате, љубовта цвета оваа недела.

Здравје

Вежбајте повеќе.

РАК

Работа

Го смиривте вашиот карактер за да се прилагодите на колективот. Нема да страдате заради озборувањата, но засега, мирната атмосфера ви е најважна.

Љубов

Тапкате во место, но понекогаш се прашувате до кога така ќе оди.

Здравје

Шетајте повеќе.

ЛАВ
Работа

Ви недостасуваат предизвиците кои ги имавте претходно. Не можете да го потиснете вашиот натпреварувачки дух и желба за напредување, а тоа сега никако не можете да го направите.

Љубов

Уживате во вашата врска со вашиот партнер. Љубомората ви прави проблеми, но вие и тоа ќе го надминете.

Здравје

Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Работа

Сакате совршена работа, но совршенство не постои. Иако вашиот зодијачки знак секогаш се стреми кон некое совршенство, овојпат греши, бидејќи ќе ги пропушти можностите.

Љубов

Во љубовта, добро ви оди оваа недела. Ќе ви одговараат заедничките активности и оние мали работи кои живот значат.

Здравје

Намалете ги оброците.

ВАГА

Работа

Вашата неодлучност ве кочи, затоа што имате одлични планови за приватен бизнис, а  стоите на место. Одлучете се веќе еднаш, бизнисот не смее да трпи. Кој не презема ризици, тој не го добива.

Љубов

Едно лице влегува во вашиот живот што ќе ве заинтригира и ќе ја разбуди вашата верба во љубов.

Здравје

Се чувствувате добро.

ШКОРПИЈА

Работа

Не ги одбивајте деловните понуди, тоа може да ви се свети. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате за вашето слободно време и уживање во животот.

Љубов

Подолго време сте сами, но никако осамени. Сакате да се забавувате, само што сега поради работата имате помалку време за тоа.

Здравје

Престојувајте на свеж воздух.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Некој на работа, не престанува да работи против вас, а вие поради својата природа, не можете да простите. Нерешените ситуации може да бидат лоши за добриот колектив.

Љубов

Конечно, голема промена во вашиот љубовен план. Ова ситуација менува многу работи во вашиот живот.

Здравје

Добро.

ЈАРЕЦ

Работа

Финансиската ситуација е малку полоша отколку што се надевавте. Ќе дадете се од себе за повторно да инвестирате во време и пари и да го вратите стариот сјај.

Љубов

Партнерот ви дава разбирање токму сега, кога е најпотребно за вас да не мислите премногу за работата.

Здравје

Несоница.

ВОДОЛИЈА

Работа

Комоцијата е многу актуелна оваа недела. Работата како да не ви е привлечна. Бидете внимателни, затоа што некој може да ве обвини дека сте мрзеливи.

Љубов

На љубовен план не постои ништо интересно, но мора да се движите во друшво.

Здравје

Се чувствувате добро.

РИБИ

Работа

Ја занемарувате сопствената кариера поради кариерата на вашиот партнер, но сега тоа мора да се промени. Вие не можете да седите со прекрстени раце.

Љубов

Партнерот ве разбира и ќе ви даде поддршка што и да одлучите.

Здравје

Се чувствувате добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодел и активист од „анти – бричење“ движењето во кампања на Адидас
Следна објаваRoman Jehanno | Уметниците и нивните работилници
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР