Во четвртокот, Скопје се збогати и разубави со новиот, сосема променет концепт на Mексикански ресторан и бар – АМИГОС 2.0.

Едно ново поинакво искуство, разновидни специјалитети со врвен квалитет, ароматични вина и одлични коктели. Амигос го разубавуваше Скопје во изминатите 11 години со својата уникатна понуда, а сега му додаде еден нов пресврт со модерен концепт и нови специјалитети.

Амигос вчера повторно ги отвори вратите и ги претстави новитетите со дегустација на одличните специјалитети и вина, одлична забава со DJ Jankonen и ресторан исполнет со многу насмеани гости. Дел од новата приказна во Амигос е и нашиот автентичен уметник Мирослав Масин, како и познатиот шеф Огненовски кој на вчерашниот настан го претстави својот нов десерт кој ќе биде послужен ексклузивно во Амигос и со кој ќе се почувствувате дека сте во ресторан со Мишелин ѕвездичка. Обрнувајќи внимание на секој детаљ, од уметнички фотографии, до начин на сервирање на храната, одлична музика и романтична атмосфера, АМИГОС Ви нуди едно навистина незаборавно искуство кое сигурно ќе ве натера да заборавите на времето.

Новото мени покрај традиционалните мексикански специјалитети како Бурито, Тако и Начос, е збогатено и со нови вкусови. Пробајте го одлично подготвениот зачинет бифтек, свинското филе со вргањ или пилешкото со моцарела и доматен пелат. Новото мото на Амигос, како што ќе забележите и во самото мени е:

Кај нас во Амигос се трудиме нашите гости да имаат незаборавно искуство уживајќи во секој автентичен пијалок и секој специјалитет подготвен со љубов и внимание. Нашиот тим секогаш ги користи најдобрите состојки во подготовка на специјалитетите создавајќи едно поинакво кулинарско искуство кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови. Нема храна или пијалок кои ќе излезат од нашата кујна или шанк, а ние самите не би ги уживале.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFendi – колекција пролет/лето 2018!
Следна објаваДобродојдовте во Githorn, село од бајките во кое нема улици!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР