Дизајнерската фирма Bjarke Ingels Group (BIG), со седиште во Копенхаген и Њујорк, ја дизајнираше LEGO куќата на Данска.

После четири години исчекување, конечно знаеме повеќе за миксот на генијалниот дански дизајн и лего – креативноста кои беа имплементирани во зградата. Оваа лего куќа, која се наоѓа во данскиот град Биллунд, е составена од дваесет и една бели коцки, додека покривот на секоја од нив е во боја. Коцките се наредени една врз друга, а над нив е поставена огромна лего – цигла во која се сместени осум кружни прозорци за поголема природна светлина во зградата.

Самата структура на зградата е поделена на четири секции, секоја нуди различен аспект на креативност преку игра и учење на посетителите. Црвената е наменета за креативните вештини, сината за когнитивните способности, зелената ја иницирасоцијалната интерактивност, додека жолтата секција содржи активности кои целат кон емотивноста. Во прилог на секциите, постојат и три ресторани и две изложбени простории, каде се прикажуваат креациите од лего коцки направени од фановите и дела преку кои се истражува историјата на LEGO.

 

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР