Дали сте слушнале за Poshtel? A можеби сте престојувале во некој од нив, без да знаете. Тие станаа нов тренд во патувањето.

Poshtel во Barcelonа: Casa Gracia

Се повеќе и повеќе луѓе, избираат да патуваат со желба да видат што е можно повеќе. Студентите и младите сакаат авантура и патување, најчесто избираат да го стават ранецот на грб и да започнат турнеја низ светот, спиејќи во прифатливи хостели. Сигурно дека сакате да патувате поевтино, а не ви се допаѓаат хостелите и заеднички соби со непознати луѓе, кои чекаат слободно купатило и слично. Досега алтернатива на хостелите беше Airbnb и дневното изнајмување на станови. Нивото на удобност е дефинитивно подобро, отколку во хостелот. Сепак, изнајмувањето стан не е универзално решение. Треба да ги соберете клучевите, да го наполните фрижидерот (но патуваме со буџет) и да го изгубите драгоценото време што можете да го потрошите за разгледување.

Saga Poshtel – Oslo

Решението за сите проблеми е Poshtel. (Поштел). Мешавина од зборот “пош” (елегантен со ознака на луксуз) и “хотел”. Овие мали, шармантни хотели не се над просечно луксузни, но се удобни, чисти и интересни, а пред сè – многу евтини. Овој тренд е воден од едноставни, но многу модерни хотели како MotelOne. Во меѓувреме, воспоставени се многу синџири на бутик хотели, како што е 25hours, CitizienM или Prizeotel.

Poshtel во Barcelonа: Casa Gracia

Имаат минималистички соби со неколку кревети, но повеќето Поштели нудат елегантни еднокреветни соби со сите удобности на дополнителен комфор. Тие ја комбинираат апсолутната приватност и удобност, со чувството на заедницата преку употреба на различни концепти, поставени исклучиво со цел да комуницираат еден со друг. На пример, долгите маси во ресторанот или lounge просторот на базенот.  Со појавата на Поштелите, луксузот и евтините цени веќе не се во контрадикција.

Freehand Hotels: Chicago / Los Angeles

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCocoon Tree – нов начин на глам – кампување!
Следна објаваГенијален дизајн на LEGO куќата во Данска
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР