Младиот грузиски моден креатор Demna Gvasalia полека но сигурно станува водечка икона на современата модна сцена. Со секоја своја нова колекција тој предизвикува огромна медиумска реакција коако кај публиката така и кај модните критичари и водечките модни уредници.

Сите негови модели всушност носат во себе силна порака, може да се каже и помалку хумористична а најчесто се однесува на оние кои “слепо” ги следат модните трендови. Како еден од најголемите критичари на денечницата, тој се наметна како водечка фигура во светот на модата.

Едноставен во своите креации, тој ја испорачува модата која најдобро кореспондира со модерниот начин на живот.

Погледнете ги само (pencil)здолништата или пак панталоните на кои се поставени самолепливи тапети!Импресивно! Неговата најнова колекција изобилува со многу интересни додатоци кои го евоцираат панк-периодот, како и PVC чизмите кои се вистински моден хит за престојната сезона.

Погледнете ја колекцијата!

 

i

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР