Доцниот барок, како што всушност се нарекува “рококо” е стил во уметноста кој бил присатен на  европската сцената од (1700 до 1750) година. Поточно неговите почетоци се јавуваат во XVIII век во француската престолнина и тоа како еден вид на реакција против строгите правила кои ги диктирал барокот.

Уметниците на ова движење избирале пограциозен и повесел пристап за разлика од барокната уметност, кој пак бил политички ориентиран. Рококо стилот поседувал поразиграни и духовити теми. Доминантни бои во овие дела се пастелните и кремастите бои, како и несиметричните констукциии линиите во форма на S буквата.

Како во сликарството, рококо стилот заземал значајна улога и во театарската уметност. Тука може да се истакне дека ниедно друго културно движење не создало подуховит и “подсмејувачки” а во исто време еден елегантен дијалог полн со еден симболички јазик, префинети чувства а во исто време суптилна критика, особоено кога станува збор за францускиот театар.

Што се однесува до влијанието на овој уметнички стил во архитектурата тој за прв пат се појавува во делата на Borromini(1599-1667) и Gvarini(1624-1683)главно во северна Италија. Тогашните локални кнезови и бискупи ги ангажирале уметниците во Бохемија, Австрија и Германија да ги заменат до тогашните барокни дека во сензационалниот рококо стил.

Егзотичниот стил на рококо стилот го фасцинирал и тогашниот престолонаследник Луј XIV, кој веднач наредил на дворските уметници да ги заменат богатите барокни дела со полесни елементи и природни дезени. Деликатесноста и разиграноста на креациите се смета дека совршено му одговарало на ексцентричното владеење на тогашниот француски крал.

Некаде во 1730 година се смета дека рококо стилот го доживува својот зенит, стилот се проширува како во архитектонските реченија така и во вајарството и сликарството а за кои најдобро говорат делата на Francois Bouche  и Jean-Antoine Watteau. Во својата книга (Analysis of beauty) William Hogart ќе даде голем придонес во развивањето на теоретската основа за убавината на рококото. Тој тврди дека брановидните и закривени линии кои заличуваат на буквата “S” карактеристични за ова уметничко движење се основа за еден вид на грациозност и убавина, што секако не е случај со правите линии и кругови во класицизмот.

 Како што напоменавме во сликарите користеле деликатни бои највеќе пастелни, а своите дела ги украсувале со херувими и љубовни митови. Портетите биле многу акуелни во тоа време. Во некои дела пак е прикажано и развратното однесување на субјектите, имплицирајќи на еден историски период на оддалечување од баркната црловна ориентација.

Еден од клучните фигури на рококото е секако  Jean-Antoine Watteau. Неговото влијание било огромно за подоцнежните сликари и нивната работа. Други позначајни имиња се:

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР