„Животот е прилично како џез… најдобро испаѓа кога импровизирате“ – George Gershwin.

Кога станува збор за џез, или го сакате или не можете да го поднесете. Во секој случај, дозволете ни да Ви ги претставиме најдобрите млади џезери кои ги освоија срцата во САД.

1. The Hot Sardines

Овој бенд формиран во срцето на Менхетен, Њујорк, е група на талентирани музичари кои ја црпат инспирацијата од раниот американски џез, како и влијанието од Thelonious Monk, Django Reinhardt и Billie Holiday. Според Форбс се едни од најдобрите џез бендови во Њујорк овој период, а бендот има настапувано досега во Joe’s pub New York и Montreal International Jazz Festival.

Во јуни бендот го објави својот прв албум, French Fries and Champagne. 

2. Esperanza Spalding

Настапувајќи во американската џез сцена со првиот албум Junjo во 2006, оваа џез пејачка, басист и челист ги освои симпатиите на Ben Ratliff. Есперанца потоа освои неколку Греми награди, вклучувајќи ја Best New Artist of 2010, која за прв пат беше доделена на џез музичар. Во март 2016 го објави својот петти албум Emily’s D+Evolution.

3. Robert Glasper

Џез пијанистот и продуцентот не се вклопува совршено во рамката на џез изведувач, поради фузијата на неговата музика со жанрови од типот на R&B и hip hop. Во 2009 неговиот албум Double-Booked беше номиниран за Греми, а во 2013 освои Греми за најдобар R&B албум. Во 2016 го објави ремикс албумот Everything’s Beautiful, кој ги содржи обработени делата на Miles Davis.

4. Cécile McLorin Salvant

Cécile McLorin Salvant се занимава со музика уште од најмала возраст. Пред да наполни десет години, таа веќе пеела и свирела на пијано.

Веќе во 2009 го издаде првиот албум Cécile, а во 2010 победи на Thelonious Monk International Jazz Vocals Competition.

Артистката настапувала на неколку легендарни настани вклучувајќи ги џез фестивалите во Монтреал и Детроид, а албумот For One to Love освои Греми за најдобар џез вокален албум.

5. Melody Gardot

Melody Gardot ја започна кариерата во своите 16 години со свирки во барови во Филаделфија. Нејзиниот албум Worrisome Heart во 2008 воодушеви со својот специфичен стил. Сега, со четири албуми зад себе, оваа девојка се појави на Love Supreme Jazz Festival, а доби и номинација на Греми.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР